Кон крајот на месец јуни 2017 година, покрај сталната
поставка на икони од светски познатата охридска збирка што е изложена во
горниот простор, во долниот простор на Галеријата на икони-Охрид, во вид на
нова поставка за посетителите беше изложен уште еден дел од богатото наследство
од збирките на НУ Завод и Музеј-Охрид.
Се работи за дваесет и две фреско-копии со ликовите на
словенските просветители Сс. Климент и Наум Охридски, но и Сс. Кирил и Методиј
и други светители од црквите во Македонија и соседните земји, како Србија и
Косовоно, но и една од Рим, Италија. Копиите се изработени претежно во 1966 и 1980 година, по повод прославата на 1050 годишнината од упокојувањето
на св. Климент Охридски (1966) и отворањето на Музејот на Словенската писменост
во Охрид (1980) од страна на најпознатите кописти во тоа време како Драгомир
Јашовиќ, Зденка Живковиќ, Никола Цонев и други. Минатата, 2016 година,
поголемиот дел од овие фреско-копии беа изложени на изложбата "Св. Климент
Охридски и неговите претстави во ликовната уметност" во папскиот
универзитетот Урбаниана во Ватикан, како и на две други изложби во Скопје и
Охрид.
Покрај фреско-копиите, во склопот на оваа изложба, во пет
стаклени витрини се изложени и повеќе везови и разни богослужбени предмети меѓу
кои има реликвијари, кандила, делови од опкови на икони, како и едно
четвороевангелие со прекрасно изработен сребрен опков, сè со цел да се збогати
содржината и разноликоста на предметите што им се презентираат на посетителите
на Галеријата на икони-Охрид. Сите предмети се претходно конзервирани, опремени
и подготвени за презентација.
 |
Поглед на поставката |
 |
Поглед на поставката-1 |
 |
Два везени крстови, делови од сакос или омофор и реликвијар од XIX век |
 |
Два везени крстови, делови од сакос или омофор и реликвијар од XI век |
 |
Везена подеа со претстава на Воведението
на Богородица во храм и две кандила
|
|
 |
Поглед на изложбените витрини |
 |
Четвороевангелие со сребрен опков од 1769 година и сребрено кандило |
 |
Делови (ореоли и раце) од опкови на икони од XVIII и XIX век |
No comments:
Post a Comment