Изборите поминаа, е де, барем она главното, вториот круг
ќе е, што би рекле америте, "пис оф кејк". Избори како избори, ако
воопшто имаше некоја саглам понуда па човек навистина да може нешто да избере,
ама нејсе, некој доби некој изгуби, како што обично бидува во животот. Но
најважно е што времето е уште убаво и душа дало за велосипедирање долж
езерскиот брег и, секако, задолжителното фотографирање на есенските бои и
езерската тишина.
Еве, да ве почестам со неколку фотографии од моите
прошетки деновиве...
 |
Поглед од мостот преку каналот што ги спојува
Билјанините извори со Охридското Езеро |
 |
"Мојата" плажа во овој период од годината
кога јас не сум таму |
 |
Лево од "мојата" плажа, со поглед свртен кон
Галичица, Св. Наум и Албанија |
 |
На езерскиот брег во Пештани и првите куќи од оваа
некогашна рибарска, а сега туристичка населба |
 |
Боите на есента и одразот на небесното синило во
бистрите езерски води |
 |
Боите на есента и одразот на небесното синило во бистрите езерски води-1 |
 |
Боите на есента и одразот на небесното синило во бистрите езерски води-2 |
 |
Езерска тишина и одразот на небесното синило и карпите во бистрите
езерски води |
 |
"Пештански" поглед кон Градиште, Трпејца, Св. Наум и Албанија |
No comments:
Post a Comment